Сет од две задолжителни помагала за вашиот дом или деловен објект, практични и лесни за одржување.
Држачите, спојките и лопатката се изработени од високо квалитетна АБС пластика. Карактеристично за овој сет е можноста за лесно одржување на четката на метлата со помош на пласитчните запци на самата лопатка, со кои веднаш ќе ги отстраните остатоците од чистењето.
На лопатката има додаток со квалитетна гума која овозможува собирање и на најситната прашина.
Шипките на рачките и на метлата и на лопатката се изработени од високо квалитетен нерѓосувачки челик, што овозможува трајност и континуитет во користењето со години, без да се грижите дека ќе ви кородират или рѓосат.
Четката е изработена од долги квалитетни густо распоредени влакна во 3 реда кои се фиксирани со квалитетна АБС пластика на горниот дел, а странично се продолжени за 45 степени што овозможува со леснотија да го соберете и најситниот смет.
Меката четка нуди заштита од гребење на површините, но е доволно густа за да ги собере и најситните нечистотии. Влакната се изработени од најнови и најквалитетни материјали, трајни се отпорни на кубење и виење и после долготрајно користење.
Рачката на метлата ротира што овозможува да продрете и до најтешките места за чистење. Уникатна лопатка како помагало за за собирање на предмети, прашина и секаков вид отпадоци од подот, со дополнителни пласични запци наменети за остранување на нечистотии и влакна кои се закачуваат на четката. Лопатката се собира за 90 степени, и сетот не завзема многу место кога не го користите, одлично за складирање.
Производот доаѓа расколопен и лесно се расклопува и склопува благодарение на инвентивниот дизајн.


























